Пливање во прашина
Автор:
Игор Исаковски
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Пливање во прашина |
Бр. на страни:
236 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
/
Станува збор за роман во чиј фокус е идејата на потрагата и ја кажува добро познатата поента – секоја надворешна потрага всушност претставува потрага во себе, патот кон надвор и кон Другиот истовремено е и пат кон сопствената внатрешност и потрага по самиот себе. Таквата потрага во „Пливање во прашина“ се одвива во едно преломно време и во еден простор на кој војната веќе се насетува, и на чиј Танатос авторот ги спротивставува Еросот и комуникацијата. Романот на Исаковски е доказ не само за сублимираните искуства кои човечкото суштество или го кршат или го препородуваат, туку и за моќта на авторот тоа свое животно искуство да го претвори во романескен подвиг. Гоце Смилевски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.