По трагите на древните цивилизации
Автор:
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
По трагите на древните цивилизации |
Бр. на страни:
298 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Книгата претставува истражување на карактеристиките на древните цивилизации (месопотамската, египетската, индиската и хеленската) преку нивните највпечатливи културни пројави и литературни дела, кои оставиле неизбришлива трага во историјата на човештвото. Како што истакнува рецензентот, проф. д-р Венко Андоновски, „книгата на Тасевска Хаџи-Бошкова е идеална хармонија на два пристапи: енциклопедискиот (кој подразбира акумулација и систематизација на научно проверени податоци, синхрониски и дијахрониски) и херменевтичкиот (интерпретација, односно толкување на книжевниот текст) [...] Археологија, историја на писмата, религија, филозофија, антропологија, етнологија, митологија – сè е тука, во оваа книга, уредно систематизирано и подредено во систем кој се помни. Ова е книга по чие читање многу малку нешта се забораваат, зашто се подредени во мнемотехнички систем на идеален учебник.“
Questions and Answers
You are not logged in