Почва и анализи на животната средина: Физички методи

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Soil and Environmental analisis: Physical Methods | Бр. на страни: 656 | Димензии: 147x227 | Корица: /

Ова е една навистина вредна книга во која со критички осврт се дадени многубројни методи за физичка анализа на почвата, прецизноста што се добива при нивната примена, начините на користење на опремата и нејзината цена. Текстот е наменет за истражувачите што се занимаваат со оваа проблематика. Конкретно се обработени темите за содржината на почвата, матричниот потенцијал, карактеристиките на слободната вода, хидрауличната спроводливост во заситени почви, незаситената хидраулична спроводливост, инфилтрацијата, анализите на големината на почвените честички, волумната густина, течните и пластичните граници, техниките за употреба на пенетрометар во релација со компактноста на почвата и со развојот на коренот, отпорноста на почвата и нејзината трошливост, методите за мерење на растот на коренот, движењето на гасовите (воздухот) и порозноста, температурниот режим на почвата, описот на почвениот потенцијал и неговата евалуација.
Сето ова се најде во една книга благодарение на уредниците Кит А.Смит, член на Институтот за менаџмент на екологија и за ресурси при Универзитетот во Единбург, автор на повеќе од 100 публикации за педологија и за животна средина, поранешен претседател на Британското здружение за педологија и член на Кралското здружение на хемичари и Крис Е.Мулинс, виш предавач по полјоделство на Катедрата за ботаника и за педологија при Универзитетот во Абердин, автор на повеќе од 100 публикации за физиката на почвата и поранешен заменик на главениот уредник на списанието „
Soil & Tillage Research”.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2900 ден

34 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Почва и анализи на животната средина: Физички методи

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-289-2

1 оценка за Почва и анализи на животната средина: Физички методи

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in