Почва и анализи на животната средина: Физички методи
Ова е една навистина вредна книга во која со критички осврт се дадени многубројни методи за физичка анализа на почвата, прецизноста што се добива при нивната примена, начините на користење на опремата и нејзината цена. Текстот е наменет за истражувачите што се занимаваат со оваа проблематика. Конкретно се обработени темите за содржината на почвата, матричниот потенцијал, карактеристиките на слободната вода, хидрауличната спроводливост во заситени почви, незаситената хидраулична спроводливост, инфилтрацијата, анализите на големината на почвените честички, волумната густина, течните и пластичните граници, техниките за употреба на пенетрометар во релација со компактноста на почвата и со развојот на коренот, отпорноста на почвата и нејзината трошливост, методите за мерење на растот на коренот, движењето на гасовите (воздухот) и порозноста, температурниот режим на почвата, описот на почвениот потенцијал и неговата евалуација.
Сето ова се најде во една книга благодарение на уредниците Кит А.Смит, член на Институтот за менаџмент на екологија и за ресурси при Универзитетот во Единбург, автор на повеќе од 100 публикации за педологија и за животна средина, поранешен претседател на Британското здружение за педологија и член на Кралското здружение на хемичари и Крис Е.Мулинс, виш предавач по полјоделство на Катедрата за ботаника и за педологија при Универзитетот во Абердин, автор на повеќе од 100 публикации за физиката на почвата и поранешен заменик на главениот уредник на списанието „Soil & Tillage Research”.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Почва и анализи на животната средина: Физички методи
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –