Подобрување на благосостојбата на животните: Практичен пристап

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Improving animal welfare: A practical approach | Бр. на страни: 336 | Димензии: 188x245 | Корица: /

Новите закони што ги пропишуваат стандардите за благосостојба на животните создадоа потреба од разни програми за спроведување на таа благосостојба во склоп на фармите, за време на транспортот како и во кланиците. Иако има изобилство од информации за однесувањето кон животните, за етиката и за факторите што влијаат врз нивната благосостојба, сепак, сé уште се малку информациите што би ги насочувале ветеринарите и управителите на фармите за правилно оценување на благосостојбата на животните и за нејзино унапредување. Со оваа книга треба да им се помогне на луѓето што работат со животни да можат полесно да ги применат практичните методи за подобрување на благосостојбата, премостувајќи го јазот меѓу научните истражувања и нивната практична примена.
Користејќи го огромното искуство на уредничката Темпл Грандин, оваа книга добива форма на водич при практичното оценување и ревизија на проблемите поврзани со благосостојбата на животните, нагласувајќи го значењето за мерење на условите што ја загорзуваат таа благосостојба. Инаку, Темпл Грандин е професор по наука за животните на државниот Универзитет од Колорадо. Работи и како консултант при изведба на фарми за добиток. Добитник е на многубројни награди и признанија од областа и член е на неколку асоцијации и здруженија.
Овој текст е добредојден за сите ветеринари и луѓе што имаат какво било влијание врз благосостојбата на животните или накусо кажано за сите оние што ги спроведуваат во практика програмите за благосостојба на животните насекаде во светот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Подобрување на благосостојбата на животните: Практичен пристап

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-142-0

1 оценка за Подобрување на благосостојбата на животните: Практичен пристап

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in