Поезија – Дилан Томас

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Selected poems | Бр. на страни: 90 | Димензии: 20 | Корица: /

Во својата поезија, Дилан Томас покажува опсесивна заложба за употребата на поетскиот јазик, опседнатост со зборот, сè со цел да се усложни значењето и да се создадат необични ритмички и звучни ефекти. Таквото богатство на значење, како и употребата на космички теми и еротска сликовитост ја прават раната поезија на Томас многу оригинална.

За Томас постои единството меѓу човекот и природата, меѓу минатото и сегашноста, меѓу времето и просторот... Неговата поезија е романтичарски спонтана и еруптивна, но и рационална, пресметано избалансирана и интелектуална.

Делото што тој го остави зад себе допре до огромен број читатели и по Втората светска војна се претвори во своевиден културолошки „мејнстрим“, средишна струја во поетскиот тек што не ги остави рамнодушни не само неговите критичари туку и голем број музичари, филмски и телевизиски сценаристи кои во голем степен црпеа инспирација од неговиот турбулентен живот и неговото макотрпно остварено дело. Затоа, Дилан Томас и денес опстојува како автор кој ја потврди синтагмата дека ако хаосот е закон на природата, тогаш редот е сон на човекот.

Цена: 252 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Поезија – Дилан Томас

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-473-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија – Дилан Томас”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in