Поезија / Евгениј Онегин
Автор:
Александар С. Пушкин
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Собрание сочинений : в шести томах |
Бр. на страни:
366 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Она што најмногу пленува во Пушкиновата поезија е нејзината емотивна полнотија, спонтаност и магична хармонија на сите елементи од кои е компонирана таа. Неговиот регистар на теми и мотиви (љубовни, социјални, слободарски, хуманистички, пејзажни...) е богат. Тој се инспирира безмалку од сè до што ќе се допре во надворешниот свет и во светот на својата душа. Таа способност да пронајде поетска тема во сè, од заборавеното цветче во некоја книга до неопфатот на татковината и стихијата на морето, ја дава на показ основната сила на Пушкиновиот поетски гениј, неомеѓената инвентивност и пловност на неговата имагинација. Притоа е посебно важно да се стави акцент и на рамнотежата меѓу виртуозноста на формата и едноставноста на содржината, меѓу беспрекорниот артизам и чудесната јаснотија на стилот на неговата лирика. „Евгениј Онегин“, пишуван во текот на осум години, е посебна круна на Пушкиновото творештво и ремек-дело на руската литература. Во овој исклучителен љубовен роман во стихови, можеби најпознат ваков текст во светската литература, ќе дојде до израз калеидоскопската имагинација на авторот, способноста да се соберат, подредат и одразат во едно огледало множеството слики на една огромна, архитектонски цврсто компонирана мозаичка целина. Имајќи ја предвид сеопштноста на таа целина која ги содржи во себе општествените, социјалните и психолошките компоненти на Русија од почетокот на XIX век, Белински овој роман на Пушкин ќе го дефинира како „енциклопедија на рускиот живот“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.