Попол Вух – Светата книга на Маите
Автор:
Непознат Автор
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Попол Вух - Светата книга на Маите |
Бр. на страни:
168 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Најголем дел од светите книги на народите кои оставиле културолошки печат во развојот на цивилизацијата, се преведени на македонски јазик. Помеѓу големите литературно-антрополошки наслови (Египетска книга на мртвите, Гилгамеш, Библија, Куран, Илијада, Одисеја итн.) свое место заслужува и Попол Вух, но за жал до сега не доживеал превод на нашиот јазик. Освен што претставува редок запис врзан за митологијата, културата и творештвото на Маите, се работи и за единствен древен текст во средноамериканската литература. Попол Вух, како другите древни свети книги, содржи описи и слики базирани на општите митолошки матрици, изобилува со прикази на ритуални практики и алегориски слики, преку кои добиваме претстава не само за религискиот живот туку и за историјата на Маите. Своевидна Библија, но и историја на човекот создаден од пченка со подеднакво религиска и историска содржина.
Questions and Answers
You are not logged in