Посета на бандата

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: A visit from the goon squad | Бр. на страни: 327 | Димензии: 21 | Корица: /

Фасцинантните испреплетени приказни на Џенифер Иган гравитираат околу животите на Бени Салазар, музички продуцент во години кој на времето бил панк-рокер, и Саша, лудата девојка што работи за него. Бени и Саша никогаш не го дознаваат минатото на другиот, но читателот се запознава и со неговото и со нејзиното минато, и тоа до најинтимните детали, а со тоа и со тајните животи на шаренилото од други ликови чии патишта се вкрстуваат со нивните во текот на многу години и на многу места, од Њујорк, преку Сан Франциско и Неапол, до Африка.

Посета на бандата е книга за воздејството на времето и музиката, книга за опстанокот, за превирањата и преобразбите поттикнати и од најблагите пресеци на нашите судбини. Користејќи зачудувачки венец од стилови и тонови, што се протегаат од трагедија до сатира, па дури и до „Пауер поинт“, Иган успева да ги долови спротивното длабоко струење на самоуништувањето, кое сите ние мораме или да го совладаме или да му се предадеме; вродениот глад на човек за искупување; како и сеопштиот нагон да се посегне по двете – и да се избега од безмилосниот тек на времето, во безвремените царства на уметноста и музиката.

Зајадливо, возбудливо романескно дело напишано од еден од најсмелите автори на денешницата.

Цена: 380 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Посета на бандата

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-492-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Посета на бандата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in