Посета на бандата
Фасцинантните испреплетени приказни на Џенифер Иган гравитираат околу животите на Бени Салазар, музички продуцент во години кој на времето бил панк-рокер, и Саша, лудата девојка што работи за него. Бени и Саша никогаш не го дознаваат минатото на другиот, но читателот се запознава и со неговото и со нејзиното минато, и тоа до најинтимните детали, а со тоа и со тајните животи на шаренилото од други ликови чии патишта се вкрстуваат со нивните во текот на многу години и на многу места, од Њујорк, преку Сан Франциско и Неапол, до Африка.
Посета на бандата е книга за воздејството на времето и музиката, книга за опстанокот, за превирањата и преобразбите поттикнати и од најблагите пресеци на нашите судбини. Користејќи зачудувачки венец од стилови и тонови, што се протегаат од трагедија до сатира, па дури и до „Пауер поинт“, Иган успева да ги долови спротивното длабоко струење на самоуништувањето, кое сите ние мораме или да го совладаме или да му се предадеме; вродениот глад на човек за искупување; како и сеопштиот нагон да се посегне по двете – и да се избега од безмилосниот тек на времето, во безвремените царства на уметноста и музиката.
Зајадливо, возбудливо романескно дело напишано од еден од најсмелите автори на денешницата.
Reviews
There are no reviews yet.