Поштомување
Автор:
Биљана Т. Димко
Издавач:
Фондација „д-р Димитар Котевски“ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Поштомување |
Бр. на страни:
72 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Песните покажуваат дека авторот го стега стихот, го прави функционален, а со тоа го остри стилот. Отвора нова поетска врата, нагорен исчекор со продлабочена мисла, потпирајќи се и на народното и на мисловното по нешто блиски до Блаже Конески. Со ваква подлога мостот на Б. Т. Димко ќе трае. Во оној континуитет стилот произлегува од песна во песна, давајќи му на зборот нагласена мисловност и широчина. Покрева чувства на тема во насловеното поштомување. - Радован П. Цветковски Поезијата на Биљана Т. Димко е поетски ангажирана, интелектуално смела, уникатна и единствена и тоа особено доаѓа до израз во оваа збирка – поезија „Поштомување“ која уште во насловот го искушува и го привлекува читателот. Имено, праизворот и праизбликот на сѐ што постои, се наоѓа во моќта на светот да се уништува и пресоздава во нови облици. Во тоа архетипско поимање на времето, песната „1914 – почеток на крајот“ ги открива можеби најважните особености и одлики на оваа поезија – да открива и да биде Вистина преку симболичко и безвремено прикажување на фундаменталните вредности преку едноставноста на речта. - Симона Петровска
Оценки
Сѐ уште нема оценки.