Потпалувачи

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The Fire Starters | Бр. на страни: 286 | Димензии: 21 см | Корица: /

Добитник на Европската награда за литература Потпалувачи е приказна за двајца татковци од Белфаст во време на големи социјални немири. Додека градот е во пламен, а властите ја губат контролата, Џонатан и Семи се соочуваат со своите лични демони. За Џонатан, тоа е момент кога може да го преобрази својот повлечен живот и да ги прифати можностите да се поврзе со луѓето. Како самохран родител на штотуку родена ќерка, дилемата со која треба да се избори е дали да дозволи љубовта кон детето да го попречи фактот дека тоа ги има наследено карактеристиките од мајка си, сирена. Проблемот на Семи е што неговиот пораснат син ги има сите убиствени особини што и самиот ги поседувал како млад. Семи е убеден дека токму тој е предводник на подметнувањето пожари. Треба ли да го пријави сопствениот син во полиција? Кога нивните патишта ќе се вкрстат и кога границите помеѓу фантазијата и вистината се замаглуваат, кого овие двајца татковци ќе изберат да заштитат? Поттикнувачка и возбудливо оригинална, оваа приказна за суровата семејна љубов и жртвувањето е преполна со магија. „Спектакуларна. Силно реална, лудо магична и примамлива.“ – Донал Рајан. „Волшебно, интелигентно и храбро.“ – Ајриш тајмс

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Потпалувачи

Категорија:
ИСБН: 978-608-4892-24-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Потпалувачи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in