Потрошувачка психологија на туризмот, гостопримливоста и на забавните содржини, книга 2
Оваа втора книга на оваа тема дава приказ за прогресот во теориите и
истражувањата за потрошувачката психологија.
Базирана е на трудови претставени на вториот симпозиум за Потрошувачка психологија на туризмот, гостопримливоста и забавните содржини, одржан во Виена,
во јули 2000 година. Книгата се фокусира на донесувањето одлуки на потрошувачите за оценување алтернативи за избор во дејностите на туризмот, забавните содржини и гостопримливоста. Разработува проблеми како што се справување со нелинеарните дејности на јавните услуги, опфаќање високоемоционални атрибути на производот,
инкорпорирање некомпензирачки правила за одлуки и сметководство
за ненабљудуваната хетерогеност кај потрошувачите. Овие проблеми се типични за истражувањата на однесувањето и методологиите за мерење со коишто се соочува индустријата на туризмот, гостопримливоста и забавните содржини.
Книгата е основна референција за истражувачите и за оние што работат во области поврзани со маркетинг, туризам, гостопримливост и забавни содржини.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.