Потрошувачка психологија на туризмот, гостопримливоста и на забавните содржини, книга 3
Познавањето на потрошувачката психологија и однесувањето на потрошувачите во врска со туризмот е мошне важно во одредувањето на успехот на туризмот и местата на гостување. Оваа книга е уредена збирка на написи од 3. Симпозиум за потрошувачка психологија, гостопримливост и забавни содржини, одржан во Мелбурн, Австралија во јануари 2013 година.
Темите што се покриени во овие написи вклучуваат однесување, емоции и преработка на информации; мотивација и учење; системи за потрошувачка; одлуки и избори; искуство и задоволство; сегментација на пазарот; привлечност и лојалност; слика и толкување. Книгата е неопходно четиво за истражувачите на туризмот, гостопримливоста и забавните содржини, како и за оние што работат во туристичката индустрија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.