Правната положба на Македонците во Југославија

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: La situation juridique des Macédoniens en Yougoslavie | Бр. на страни: 176 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

Карл Штруп е еден од неколкутемина германски научници што во првите децении на 20 век ја проучувале Македонија и напишале значајни книги за Македонија. Тој ја објавил најинтересната книга за политичките случувања во Македонија пред и по Првата светска војна, односно за положбата на Македонците во тогашната кралска Југославија.  Во оваа книга зборува за поделбата на Македонија и за бесправната позиција на Македонците во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и сугерира на Македонија да ѝ биде дадена барем регионална автономија во федеративна Југославија. Карл Штруп бара еманципација на Македонците, односно живот во рамките на една балканска федерација. Тврди дека Маке­дон­ците не се Срби, а тоа го докажува со презентација на аргументи и сознанија и воопшто на историјата на Македонците од антиката па дотогаш. Книгата содржи и неколку географски карти. Првпат е објавена на француски јазик, во 1929 година, во Париз, Франција.

Цена: 300 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Правната положба на Македонците во Југославија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-66-1

Questions and Answers

You are not logged in