Правната положба на Македонците во Југославија
Author:
Карл Штруп
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
La situation juridique des Macédoniens en Yougoslavie |
Num. of pages:
176 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
мека
Карл Штруп е еден од неколкутемина германски научници што во првите децении на 20 век ја проучувале Македонија и напишале значајни книги за Македонија. Тој ја објавил најинтересната книга за политичките случувања во Македонија пред и по Првата светска војна, односно за положбата на Македонците во тогашната кралска Југославија. Во оваа книга зборува за поделбата на Македонија и за бесправната позиција на Македонците во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и сугерира на Македонија да ѝ биде дадена барем регионална автономија во федеративна Југославија. Карл Штруп бара еманципација на Македонците, односно живот во рамките на една балканска федерација. Тврди дека Македонците не се Срби, а тоа го докажува со презентација на аргументи и сознанија и воопшто на историјата на Македонците од антиката па дотогаш. Книгата содржи и неколку географски карти. Првпат е објавена на француски јазик, во 1929 година, во Париз, Франција.
Questions and Answers
You are not logged in