Право на Европската унија и заеднички политики

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Droit de L'Union europeenne et politiques communautaires | Бр. на страни: 632 | Димензии: 145x207 | Корица: /

Книгата е поделена на два дела. Во првиот се зборува за правниот систем на европскиот внатрешен пазар, а во вториот се дадени политиките на европската заедница.
Жерар Друезен е професор по право на Универзитетот во Нант и поранешен генерален директор на Европскиот институт за јавна администрација. Во ова негово дело, кое спаѓа во групата класици од колекцијата фундаментално право, разработени се теми како што се слободата на движење на стоки, капитал, лица и на услуги, правилата за конкуренција, хармонизација на националните законодавства во поглед на интелектуалната сопственост и даночниот систем, економската и монетарна политика, секторските политики на заедничките институции, трговските односи со трети земји и заедничката трговска политика.
Низ целиот текст се објаснува воспоставувањето на правната рамка за трговска слобода и здрава конкуренција меѓу економските оператори од ЕУ. Притоа
, се промовира хармоничен, урамнотежен и одржлив развој на економските активности, високо ниво на вработеност и социјална заштита, еднаквост меѓу мажите и жените, траен и неинфлациски раст, висок степен на конкурентност, висок степен на заштита на животната средина, подигање на квалитетот на животот, економската и социјална кохезија и солидарност меѓу земјите-членки.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2250 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Право на Европската унија и заеднички политики

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-213-7

1 оценка за Право на Европската унија и заеднички политики

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in