Пребивалишта

Издавач: Зига Зага Букс | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Пребивалишта | Бр. на страни: 96 | Димензии: 22*11 | Корица: мека

„Пребивалишта“ ја има токму таа магична формула да ве натера да ја читате, уживате, сочувствувате, да се распаднете и составите, истовремено. Дека станува збор за поет од оние избраните, ретките стихомудреци во кои малкуто е многу и тоа имплодира со емоции и воодушевување, сознаваме уште на почетокот кога гледаме како авторката и визуелно си ја создава својата збирка поезија, со помош на графичката иконографија што не е илустрација на стиховите, туку нивна, би рекла, иманентна еманација. Завитката како старински артефакт во свилена марама, да ја чува од прашинките на заборавот, нејзината поезија е вклопена меѓу кратките, но мошне силни пролог и епилог, што симболично ја чуваат затворена во себе, целата оваа зборовна, стиховна, емотивна, прецизна поетска книга. Даница Ивановска Лепојевиќ пишува непосредно, едноставно, филигрански прецизно, со сите трепети и мирнотии како што само тоа го можат ретките поети, оние што ѝ се дале на поезијата со целата своја душа и тело и оние на кои, таа, поезијата, најмногу им верува.

Цена: 300 ден

29 на залиха

Спореди
Продавач Зига Зага Букс

Report an abuse for product Пребивалишта

Категорија:
ИСБН: 978-608-66249-1-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пребивалишта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in