Приказна за трите града
Автор:
Митко Маџунков
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Приказна за трите града |
Бр. на страни:
170 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Маџунков, Митко (Струмица, 19 III 1943), раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист. Гимназија има завршено во Струмица, а Филолошки факултет (светска книжевност со теорија на книжевноста) во Белград. Работниот век го поминал главно во Библиотеката на градот Белград. Некои книги му се објавени првобитно нa српски јазик. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: Исидора Секулиќ, Рациново признание, Војдан Чернодрински, Роман на годината на Детска радост, Книга на годината на Македонската книжевна фондација, Роман на годината на Утрински весник; добитник е на Државната награда 11 Октомври, на Наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, а двапати ја има добиено и годишната награда на град Струмица. Се занимавал со преведување, а и самиот е преведуван на повеќе јазици. Застапен е во домашни и странски антологии. Во 2006 година се врати од Белград да живее во Македонија. Член е на МАНУ.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.