Прирачник за компаративните социјални политики

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: A Handbook of Comparative Social Policy | Бр. на страни: 440 | Димензии: 155х235 | Корица: /

Организирана во пет теми, оваа импресивна книга ги истражува

контекстуалните, концепциските, аналитичките и процесните аспекти на

спроведувањето компаративни социјални истражувања. 


Во првиот дел, авторите се занимаваат со децентрирање на државата и со проширување на епистемолошката рамка низ која се анализираат повеќенационалните анализи.


Во Дел II и во Дел III, фокусот се поставува врз концепциската и врз теоретската

рамка за анализирање на социјалните политики на повеќенационален план,

додека во Дел IV се истражува секојдневната реалност на подготвување и

спроведување на повеќенационалните анализи.


 Во последниот дел, авторите нагласуваат веќе постојни како и нови теми и прашања кои се од особена важност за разбирањето на современиот социјален свет.


Меѓународен по својот опфат, овој авторитативен Прирачник дава приказ на

оригинални, најнови истражувања од водечки стручњаци и ќе стане незаменлив

извор на референции за сите оние што се заинтересирани за компаративните

социјални истражувања. 


Прирачникот ќе се покаже и како драгоцено помагало при учењето за додипломските и за постдипломските студенти од цел дијапазон дисциплини, вклучувајќи ги и социјалните политики, социологијата, политиката,

урбаните студии и јавните политики.


Патриша Кенет е виш предавач на студии по компаративни политики на

Школата за студии на политики при Универзитетот во Бристол, Обединетото Кралство.

Цена: 900 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Прирачник за компаративните социјални политики

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-350-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Прирачник за компаративните социјални политики”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in