Прирачник за компаративните социјални политики
Организирана во пет теми, оваа импресивна книга ги истражува
контекстуалните, концепциските, аналитичките и процесните аспекти на
спроведувањето компаративни социјални истражувања.
Во првиот дел, авторите се занимаваат со децентрирање на државата и со проширување на епистемолошката рамка низ која се анализираат повеќенационалните анализи.
Во Дел II и во Дел III, фокусот се поставува врз концепциската и врз теоретската
рамка за анализирање на социјалните политики на повеќенационален план,
додека во Дел IV се истражува секојдневната реалност на подготвување и
спроведување на повеќенационалните анализи.
Во последниот дел, авторите нагласуваат веќе постојни како и нови теми и прашања кои се од особена важност за разбирањето на современиот социјален свет.
Меѓународен по својот опфат, овој авторитативен Прирачник дава приказ на
оригинални, најнови истражувања од водечки стручњаци и ќе стане незаменлив
извор на референции за сите оние што се заинтересирани за компаративните
социјални истражувања.
Прирачникот ќе се покаже и како драгоцено помагало при учењето за додипломските и за постдипломските студенти од цел дијапазон дисциплини, вклучувајќи ги и социјалните политики, социологијата, политиката,
урбаните студии и јавните политики.
Патриша Кенет е виш предавач на студии по компаративни политики на
Школата за студии на политики при Универзитетот во Бристол, Обединетото Кралство.
Reviews
There are no reviews yet.