Програмски јазик Ц
„C“ е програмски јазик со општа намена. Тесно е поврзан со оперативниот систем UNIX, на кој беше развиен, бидејќи и системот и поголемиот број програми што работат на UNIX се напишани во „C“. Иако се нарекува јазик за системско програмирање, еднакво добро се користи и за програмирање во други области. Бидејќи „C“ е релативно мал јазик, не е добро да се објаснува во голема книга, па тоа и го сториле авторите. На околу 300 страници, Брајан В. Керниган и Денис М. Ричи успеале да објаснат како да станете програмер „C“.
Брајан е канадски компјутерски научник што има работено во лабораториите на „Bell“ при креирањето на оперативниот систем UNIX. Моментално е професор на Катедрата за комјутерски науки на Универзитетот „Принстон“ од Торонто, Канада. Денис почина на 12 октомври 2011 година. Зад себе остави многубројни награди и признанија меѓу кои Националниот медал за тахнологија од претседателот Бил Клинтон во 1999 година. Тој е основоположник и креатор на програмскиот јазик „C“ и на оперативниот систем UNIX.
Иако „C“ е компатибилен со можностите на повеќето компјутери, тој е сосема независен од конкретната архитектура на нивните системи. Со малку внимание е лесно да се напишат преносливи програми т.е. програми што може да се извршуваат без побарувања за промени во хардверот. Како и секој друг програмски јазик, „C“ има свои предности и недостатоци. На вас останува да ја прочитате оваа книга и да утврдите кои се предностите, а кои недостатоците.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Програмски јазик Ц
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –