Првите десет книги
Автор:
/ Конфучиј
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
First Ten Books (Extract from The Analects) |
Бр. на страни:
81 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Низ историјата, некои книги го промениле светот. Тие го трансформирале начинот на кој се гледаме себеси – и едни со други. Тие инспирираа дебати, несогласувања, војни и револуции…
Со оваа нова едиција ви ги пренесуваме делата на големите мислители, пионери, радикали и визионери чии идеи ја потресоа цивилизацијата и помогнаа да станеме она што сме.
Можеби најчитаниот мислител на сите времиња, Конфучиј ја трансформира кинеската филозофија со своето верување дека најголемата цел во животот е потрагата по „Патот“: потрага по доблест не како средство за награди во овој или следниот свет, туку како врвот на човековото постоење.
Конфучие [551-479 п.н.е.], иако имал благородничко потекло, живеел во скромни околности. Тој верувал дека политиката е само продолжување на моралот и поминал десет години патувајќи низ различните држави во Кина ширејќи ги своите идеи. Кога сфатил дека не постои начин да ги преобрати феудалните владетели на својот начин на размислување, се вратил во Лу и таму го поминал остатокот од својот живот учејќи ги своите ученици.
Цитати:
- Да ти се причини неправда не претставува ништо, освен ако не продолжиш да се сеќаваш на неа.
- Кога владее бесот, мисли на последиците.
- На тој кој ги знае сите одговори не му биле поставени сите прашања.
- Подобро напаѓај го злото во тебе, наместо да го напаѓаш злото во другите.
- Никогаш не склопувај пријателство со човек кон не е подобар од тебе.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.