Рашомон државен непријател

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Рашомон државен непријател | Бр. на страни: 272 | Димензии: 17x24 | Корица: мека

Трудот претставува своевидна сага за т.н. „македонска политичка емиграција“, преточена низ призмата на еден лик што го симболизира наративот на идеолошко-политичката кованица од еден репресивен систем. Требаше да поминат дури 37 години за да се расветли животописот документиран низ голем број полициски, судски и затворски списи, кои сведочат за еден репресивен режим. Во тој контекст се презентира и адвокатското досие на неговиот бранител, како и документи за барањето судска рехабилитација и за повторената судска постапка.
Не сум сигурен дали коавторите Џиков и Иваноски инспирацијата за трудот ја презеле од филмското ремек-дело или пак можеби се послужиле со псевдонимот на досието од оперативната обработка „Рашомон“, со кој тајната полиција го обработувала Драган Богдановски (иако интуитивно чуствувам дека се работи и за двете опции). Без оглед која била инспирацијата, коавторите заслужуваат признание за нивната инвентивна метафора бидејќи таа ги синтетизира контроверзниот лик и дело на Драган Богдановски.
Полициското досие „Рашомон“, кое има над десет илјади страници и го полнеле половина век три тајни служби со информации, службени белешки, извештаи и оперативни материјали, претставува животопис за прогонство, терор, заткулисни дискредитации, кодошење, киднапирање и затвор на Рашомон, но воедно и сага за македонските политички мигранти заминати од Македонија по Втората светска војна во Европа, Америка и во Австралија.
д-р Гроздан Цветковски
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Рашомон државен непријател

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-200-7

2 оценки за Рашомон државен непријател

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Жарко Кујунџиски (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in