Рашомон државен непријател
Author:
Ставре Џиков и Марјан Иваноски
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Рашомон државен непријател |
Num. of pages:
272 |
Dimensions:
17x24
|
Cover:
мека
Трудот претставува своевидна сага за т.н. „македонска политичка емиграција“, преточена низ призмата на еден лик што го симболизира наративот на идеолошко-политичката кованица од еден репресивен систем. Требаше да поминат дури 37 години за да се расветли животописот документиран низ голем број полициски, судски и затворски списи, кои сведочат за еден репресивен режим. Во тој контекст се презентира и адвокатското досие на неговиот бранител, како и документи за барањето судска рехабилитација и за повторената судска постапка.
Не сум сигурен дали коавторите Џиков и Иваноски инспирацијата за трудот ја презеле од филмското ремек-дело или пак можеби се послужиле со псевдонимот на досието од оперативната обработка „Рашомон“, со кој тајната полиција го обработувала Драган Богдановски (иако интуитивно чуствувам дека се работи и за двете опции). Без оглед која била инспирацијата, коавторите заслужуваат признание за нивната инвентивна метафора бидејќи таа ги синтетизира контроверзниот лик и дело на Драган Богдановски.
Полициското досие „Рашомон“, кое има над десет илјади страници и го полнеле половина век три тајни служби со информации, службени белешки, извештаи и оперативни материјали, претставува животопис за прогонство, терор, заткулисни дискредитации, кодошење, киднапирање и затвор на Рашомон, но воедно и сага за македонските политички мигранти заминати од Македонија по Втората светска војна во Европа, Америка и во Австралија.
д-р Гроздан Цветковски
2 reviews for Рашомон државен непријател
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Жарко Кујунџиски (verified owner) –