Равенска трилогија
Автор:
Христо Крстевски
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2005
Оригинален наслов:
Равенска трилогија |
Бр. на страни:
473 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Награден роман со државната награда „Мајка Тереза“ 2006. По неколкуте извонредни книжевни остварувања на Христо Крстевски, ова е неговото најдобро дело, во коешто го внесол сето свое книжевно искуство, сето умеење, сета своја раскошна ерудиција, сета своја енергија, сета своја сувереност во владеењето на романескниот занает...„Равенска трилогија“ може да се смета за најдоброто дело на Христо Крстевски, неговата лебедова песна во прозата... Во ова дело тој ја заокружува равенската сага и се одликува со изградената структура и комплексноста во градењето на мистичниот свет околу мистичниот топос Равен, како што кај Живко Чинго е Пасквелија, а кај Славко Јаневски – Кукулино.Ова е дело со извонредна рамнотежа и хармонија меѓу фикцијата и документарните елементи, што е карактеристично за една инвентивна постмодернистичка постапка во раскажувачкиот дискурс на авторот. Затоа ова дело е дело не само за веќе создадениот (колку мистичен толку и реален) книжевен свет на авторот, туку и дело во коешто покрај сета богата и бујна фикција, има и многу вистина и многу фактографија; зашто е роман за македонското последно едновековно минато, роман за македонските крстопати и беспаќа, за македонските судбини и премрежиња, ова, во вистинската смисла на зборот, е роман за македонската сага. Во него како да се вовлекла сета македонска историја, како да се насликани сите историски предели и историски ликови на 20 век. Сè е испреплетено, како сè да е историја, како сè да е фикција – ем вистина, ем измислица; ем вообичаено, ем апсурдно...
Questions and Answers
You are not logged in