Размислете уште еднаш

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Think Again | Бр. на страни: 368 | Димензии: 13×20 | Корица: мека

Оваа книга ја истражува умешноста како да ги преиспитувате своите мислења и како да им го менувате мислењето на другите. Интелигенцијата често се оценува како способност за размислување и учење, но во свет што постојано се менува, постојат и друг тип вештини што значат многу повеќе: способноста за преиспитување и одучување. Секојдневно ги слушаме оние мислења што прават да се чувствуваме добро за себе, наместо идеи што ќе нѐ замислат. Секое несогласување го доживуваме како напад на нашето его, наместо како можност за учење нешто ново. Се опкружуваме со луѓе што се согласуваат со нашите заклучоци, наместо да избираме луѓе што ни го предизвикуваат начинот на размислување. Новите докази ни покажуваат дека преиспитувањето како начин на размислување и вештина може да биде научено и Грант ни објаснува како да ги развиеме потребните квалитети за да го направиме тоа. „Размислете уште еднаш“ е книга за разумното сомневање, како подобро да го прифатиме непознатото и да не се плашиме од грешките. Доказите потврдуваат дека креативните гении не ги врзува еден идентитет, туку константно се подготвени да ги преиспитаат своите ставови, а лидерите што признаваат дека нешто не знаат и бараат конструктивна критика водат попродуктивни и поиновативни тимови.

Цена: 600 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Размислете уште еднаш

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-523-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Размислете уште еднаш”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in