Роман за прељубата
Автор:
Исидора Бјелица
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Roman o preljubi |
Бр. на страни:
175 |
Димензии:
140х210
|
Корица:
/
Роман за прељубата е несомнено најпотресниот и најискрен роман на Исидора Бјелица. Преку приказната за три сестри - двете се изневерени, а едната е љубовница на оженет маж - Бјелица се фаќа во костец со една од најболните и најпремолчувани животни теми - прељубата. Низ вистински приказни, телефонски пораки, како и шокантни податоци за користеwето на црната магија и езотеријата во борбата за освојување на мажите, Исидора разоткрива еден необичен свет на прељубници и изневерени жени за кој главно се молчи...
Има ли љубов по прељубата? Како да се преживее по неа? Како да се победи во љубовта и како да не се полуди од страст - тоа се темите со кои Бјелица се занимава на досега невиден и брутално отворен начин.
Доколку некогаш сте биле изневерени или сте изневерувале, тогаш Роман за прељубата ќе ви помогне да сфатите како и дали воопшто можете да излезете како победник од тој вител. Ова е без сомнение најискрениот и најзрелиот роман на авторката на десетици бестселери која, за да напише вакво комплексно дело, и самата морала да помине низ пеколот на интимното предавство. Зашто вака потресно, болно и искрено пишува само оној кој страсно љубел и уште пострасно страдал.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.