Роман за прељубата

Original title: Roman o preljubi | Num. of pages: 175 | Dimensions: 140х210 | Cover: /

Роман за прељубата  е несомнено најпотресниот и најискрен роман на Исидора Бјелица. Преку приказната за три сестри - двете се изневерени, а едната е љубовница на оженет маж - Бјелица се фаќа во костец со една од најболните и најпремолчувани животни теми - прељубата. Низ вистински приказни, телефонски пораки, како и шокантни податоци за користеwето на црната магија и езотеријата во борбата за освојување на мажите, Исидора разоткрива еден необичен свет на прељубници и изневерени жени за кој главно се молчи...

Има ли љубов по прељубата? Како да се преживее по неа? Како да се победи во љубовта и како да не се полуди од страст - тоа се темите со кои Бјелица се занимава на досега невиден и брутално отворен начин.

Доколку некогаш сте биле изневерени или сте изневерувале, тогаш Роман за прељубата ќе ви помогне да сфатите како и дали воопшто можете да излезете како победник од тој вител. Ова е без сомнение најискрениот и најзрелиот роман на авторката на десетици бестселери која, за да напише вакво комплексно дело, и самата морала да помине низ пеколот на интимното предавство. Зашто вака потресно, болно и искрено пишува само оној кој страсно љубел и уште пострасно страдал.

Price: 350 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Роман за прељубата

Category:
SKU: 978-608-230-256-0

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Роман за прељубата”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in