Седумтемина луди
Седумтемина луди е жестока антиутопија, во која вистината и фантазијата си ги заменуваат местата. Мрачното дело на Арлт ја претскажува политичката иднина на Аргентина 15 години пред некој воопшто да слушне за Хуан Перон.
Груба, брутална, колоквијална и надреална книга, во која главниот лик, очаен поради постојан недостиг на пари и на перспективи, се приклучува на едно тајно друштво што сака да го смени општествениот поредок преку сурова и ужасувачка социјална револуција осмислена од еден од најмоќните ликови создадени во аргентинската литература, Астрологот. Превратот треба да биде финансиран преку мрежа на бордели распоредени низ цела Аргентина, а со нив ќе управува друг интересен лик, Меланхоличниот Насилник.
Во романот се изложуваат апсолутната лудост на општеството, суровоста на капитализмот, нечувствителноста на индустријата и нејзините технолошки машини, поставени наспроти ранливоста на смртниот човек што создава. На тој начин, човекот влегува во метафизички страдања со универзален карактер, актуелни и ден-денес.
Истоимениот филм од 1973 година е добитник на Сребрена мечка (големата награда на жирито) на Берлинскиот филмски фестивал.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.