Сеќавања и желби
Автор:
Лиса Апињанези
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Memory and Desirе |
Бр. на страни:
704 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
Љубовна приказна што почнува во Париз во 1934 година и завршува во Њујорк во 1980 година и во која Алексеј Џизмонди е во потрага по жената за која смета дека ги поседува клучевите од една тајна со која е опседнат. Во средиштето на тајната е секогаш загадочната Силви Ковалска Жарден, чие сомнителни гестови сериозно ќе им наштетат на нејзините лични и семејни односи, особено со ќерката Катрин, која на 13 години си заминува од дома за да побегне од насилното однесување на мајка си. Книгата ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за нејзиниот живот од испреплетени вистини и лаги и за скандалозните постапки што ќе остават последици врз повеќе генерации на два континента. Ликовите од високите и интелектуалните сталежи, драматичниот и страстен набој, како и многубројните уметнички, книжевни и историски референции го прават ова дело совршено четиво за обожавателите на љубовни романи.„Сага од страст и скршени срца, која ќе ве турка да погодувате што понатаму... Извонредно испреплетено“ .Космополитен
Questions and Answers
You are not logged in