Секојдневните свежи салати го одржуваат вашето здравје

Издавач: Мартина | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Taglich frische salate erhalten ihre gesundheit | Бр. на страни: 139 | Димензии: 14 x 11,5 см | Корица: тврда

За д-р Волкер со сигурност може да се каже дека претставува најискусниот и најпродуктивниот научник, тој е истовремено основоположник и пионер во светот во доменот на правилната и здрава исхрана. За време на својата активна работа, во период од седумдесет години, во доменот на здравјето и исхраната, д-р Волкер докажал дека здравјето и долгиот живот можат да одат заедно. Начинот на исхрана на д-р Волкер може лесно и едноставно да се примени. Тој не се засновува на волшебни диети или на револуционерни откритија! Во 1910 година во Њујорк д-р Волкер ја основал лабораторијата Норволк, лабораторија за исхрана и за истражување, и овозможил подолг, поздрав и повитален живот. Негов најголем придонес е откритието на терапевските вредности на соковите од овошје и од зеленчук во 1930 година. Негово откритие е и современиот соковник. Објавил безброј статии во дневните, неделните и месечните списанија и напишал осук книги (сите ќе бидат преведени на македонски јазик). Досега се објавени следните книги: Природно лекување со сокови од овошје Природно лекување со сокови од зеленчук Дебелот црево – клучот за вашиот поздрав живот Природна контрола на телесната тежина Засекогаш млади Секојдневните свежи салати го одржуваат вашето здравје Наскоро ќе бидат објавени и последните две книги од д-р Волкер: Природно лекување со сокови од свежо овошје и зеленчук Водата и вашето здравје Во својата длабока старост д-р Волкер говорел: „Можам искрено да кажам дека јас воопшто не сум свесен за својата старост. Откако пораснав, никогаш не сум се чувствувал постар, и можам без двоумење да кажам дека се чувствувам како да имам триесет години. Не мислам на родендените и не ги славам. И денес можам слободно да кажам дека уживам во прекрасно здравје. Јас не знам за старост“. КНИГИТЕ НА Д-Р ВОЛКЕР СЕ БЛАГОСЛОВ ЗА СЕКОЈ ДОМ!

Цена: 180 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Секојдневните свежи салати го одржуваат вашето здравје

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-24-4

Questions and Answers

You are not logged in