Секојдневните свежи салати го одржуваат вашето здравје

Publisher: Мартина | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Taglich frische salate erhalten ihre gesundheit | Num. of pages: 139 | Dimensions: 14 x 11,5 см | Cover: тврда

За д-р Волкер со сигурност може да се каже дека претставува најискусниот и најпродуктивниот научник, тој е истовремено основоположник и пионер во светот во доменот на правилната и здрава исхрана. За време на својата активна работа, во период од седумдесет години, во доменот на здравјето и исхраната, д-р Волкер докажал дека здравјето и долгиот живот можат да одат заедно. Начинот на исхрана на д-р Волкер може лесно и едноставно да се примени. Тој не се засновува на волшебни диети или на револуционерни откритија!
Во 1910 година во Њујорк д-р Волкер ја основал лабораторијата Норволк, лабораторија за исхрана и за истражување, и овозможил подолг, поздрав и повитален живот. Негов најголем придонес е откритието на терапевските вредности на соковите од овошје и од зеленчук во 1930 година. Негово откритие е и современиот соковник.
Објавил безброј статии во дневните, неделните и месечните списанија и напишал осук книги (сите ќе бидат преведени на македонски јазик). Досега се објавени следните книги:
Природно лекување со сокови од овошје
Природно лекување со сокови од зеленчук
Дебелот црево – клучот за вашиот поздрав живот
Природна контрола на телесната тежина
Засекогаш млади
Секојдневните свежи салати го одржуваат вашето здравје

Наскоро ќе бидат објавени и последните две книги од д-р Волкер:
Природно лекување со сокови од свежо овошје и зеленчук
Водата и вашето здравје

Во својата длабока старост д-р Волкер говорел: „Можам искрено да кажам дека јас воопшто не сум свесен за својата старост. Откако пораснав, никогаш не сум се чувствувал постар, и можам без двоумење да кажам дека се чувствувам како да имам триесет години. Не мислам на родендените и не ги славам. И денес можам слободно да кажам дека уживам во прекрасно здравје. Јас не знам за старост“.

КНИГИТЕ НА Д-Р ВОЛКЕР СЕ БЛАГОСЛОВ ЗА СЕКОЈ ДОМ!

Price: 180 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Мартина

Report an abuse for product Секојдневните свежи салати го одржуваат вашето здравје

Category:
SKU: 978-608-4626-24-4

Questions and Answers

You are not logged in