Сениште
Автор:
Хусеин Рахми Гурпинар
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Gulyabani |
Бр. на страни:
198 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
Хусеин Рахми Ѓурпинар (1864-1944) е еден од најпознатите турски романсиери од крајот на 19-от и почетокот на 20 в. Неговите дела се одличен одраз на времето на промени во кој самиот живеел и претставуваат приказ на состојбите во турскотo општествo во време кога во него навлегуваат западните вредности. Ѓурпинар на сатиричен начин ги претставувал застарените и погрешни сфаќања во општеството, а употребата на живиот народен јазик исполнет со хумор го направиле еден од најпопуларните и најсакани писатели на своето време. Тој пишувал под влијание на западната литература и на турското народн творештво. Поради живиот и едноставен јазик со кој ги пишувал своите дела се здобил со широка читателска публика. Последните триесет години од својот живот ги поминал во пишување дела во својата вила на Хејбелиада, во близина на Истанбул. Романот „Сениште“ претставува критика и подбивање со празноверието на народот во натприродни суштества, вили, духови и демони и е еден комичен приказ на тоа како суеверјето може да му наштети на човекот.
Questions and Answers
You are not logged in