Сестрински дијагнози во психијатриско сестринство: Планови за нега и психијатриски лекови
При опишувањето на оваа книга, може слободно да ја употребиме веќе добро позната фраза „две во едно“. На едно место се споени плановите за нега и препишувањето на психотропни медикаменти. Изданието е уредено од страна на Мери С. Таузенд, консултант по психијатриско сестринство и поранешен професор во училиштето за медицински сестри при Универзитетот во Оклахома.
Во книгата се дадени основите за планирање на психијатриската сестринска нега и опишан е процесот како да се стане професионалец во областа. Понатаму се зборува за промените што настануваат при психосоцијалната адаптација и разните облици на растројства. Во третиот дел се разработени посебни теми за психијатриско и за ментално здравје како што се злоупотребата или запоставувањето, предменструалното дисфорично растројство, бездомништвото и други.
Во посебнен дел, кој е, всушност, втората книга, дадени се психотропните лекови од типот на анксиолитици, антидепресиви, стабилизатори на расположение, антипсихотици, антипаркинсови препарати, седативи и хипнотици.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 review for Сестрински дијагнози во психијатриско сестринство: Планови за нега и психијатриски лекови
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –