Шафран

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 68 | Димензии: 18 | Корица: мека

Збирката „Шафран“ се чита како поема. Од почеток до крај е целина. Ода за шафранот. Свечено мудросна песна Но исто така се читаат и засебно секоја од кусите песни. Секоја од песните си е песна со своја мотивика и свој ритам. Практично, како да имаме две збирки во една. Уште една доблест на оваа книга. Притоа, авторот ѝ дава универзалност во секој поглед. Додека ги чита овие  песни, читателот може да се најде и во Јапонија и во Јужна и Америка, во Шпанија и Франција, како и во Македонија, во Охрид, меѓу Свети Еразмо и Чудесата Богородичини. Таму каде што има услови за одгледување шафран. Таму каде што ги има сите годишни времиња. И каде што има славеи, врби, води, жетви, глог, облаци, сонце, ветар, дожд, јоргован, липа... И каде што има идеи.  Идеално шифриран контекст за бесконечно движење на идеите што го движат човештвото! И мирис. Зашто, со оваа збирка Пере Ристески го надразнува сетилото за мирис. И ја буди потребата на сетилото за вкус. И нуди спокој. И мир во душата. Во разумот.  Како шафранот. Како скапоцените нешта, меѓу кои најскапоценото на светот, бездруго, е поетизацијата на стварноста. Извлекувањето строга песна од развлечената тривијалност. Надвор од премрежјата во кои е вмрежена природата како систем од кој израснуваат скапоцени нешта.

Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 190 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Шафран

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-61-2

1 оценка за Шафран

  1. Rated 4 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in