Шафран
Збирката „Шафран“ се чита како поема. Од почеток до крај е целина. Ода за шафранот. Свечено мудросна песна Но исто така се читаат и засебно секоја од кусите песни. Секоја од песните си е песна со своја мотивика и свој ритам. Практично, како да имаме две збирки во една. Уште една доблест на оваа книга. Притоа, авторот ѝ дава универзалност во секој поглед. Додека ги чита овие песни, читателот може да се најде и во Јапонија и во Јужна и Америка, во Шпанија и Франција, како и во Македонија, во Охрид, меѓу Свети Еразмо и Чудесата Богородичини. Таму каде што има услови за одгледување шафран. Таму каде што ги има сите годишни времиња. И каде што има славеи, врби, води, жетви, глог, облаци, сонце, ветар, дожд, јоргован, липа... И каде што има идеи. Идеално шифриран контекст за бесконечно движење на идеите што го движат човештвото! И мирис. Зашто, со оваа збирка Пере Ристески го надразнува сетилото за мирис. И ја буди потребата на сетилото за вкус. И нуди спокој. И мир во душата. Во разумот. Како шафранот. Како скапоцените нешта, меѓу кои најскапоценото на светот, бездруго, е поетизацијата на стварноста. Извлекувањето строга песна од развлечената тривијалност. Надвор од премрежјата во кои е вмрежена природата како систем од кој израснуваат скапоцени нешта.
1 оценка за Шафран
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –