Што си ти?

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 100 | Димензии: 12x20 | Корица: /

Секој избор е и мал залог на срцето на избирачот во избраното. Затоа, оваа антологија е уште поинтересна. Ја „исполниле“ 31 автор, од кои 23 домашни буквално од сите генерации и 8 странски. Сите избирале песни од други авторки во кои понекогаш нивната поетика се отсликува како во огледало, а нивниот избирачки вкус може речиси да се помириса, да се премери оддалеченоста од творечкиот вкус во милиметри или во километри. Понекогаш избирачите избирале и нешта што не се ни познаваат со нивните писма. Каде бил личниот вкус? Што е личен книжевен вкус и колку лични книжевни вкусови поседуваме? Видливи, невидливи, верни и неверни, јавни, тајни, исправни и погрешни, моментни, трајни, свиткани, одвиткани, туткани, пеглани... вкусови везени со игла, со кама, со страст и сласт, или со болка и рана, со лек за неизлечлива рак-рана? Книжевни вкусови зараснати како грди лузни што (не) сакаме да ни ги видат кога сме читатели... или како бенки што самите ги забораваме кога сме писатели, а другите нè препознаваат токму по нив... Зашто вакви концептуални антологии, хрестоматии, панорами, прегледи или како и да ги именуваме, можеби не можат да ги заведат авторите, ама се помамни и неодоливи за лесновљубивите читатели. Оливера Ќорвезироска 

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Што си ти?

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-178- 9

Questions and Answers

You are not logged in