Штурецот во саксијата
Автор:
Драган Ј. Ристиќ
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Cvrčak u saksiji |
Бр. на страни:
48 |
Димензии:
12x20
|
Корица:
/
Драган Ј. Ристиќ е несомнено една од најважните фигури на балканското хаику. Со децении тој го води, осмислува и го збогатува со темати и преводи списанието „Хаику новине“. Но уредничката дејност на Ристиќ е само дел од високата творечка дејност на овој автор. Тој е, пред сè, неоспорен мајстор на хаикуто. Како хаиѓин тој е читан, преведуван и ценет низ целиот хаику свет. Неговата застапеност во антологиите, како и меѓународните награди што ги спечелил со својата поезија се импресивни.
„Штурецот во саксијата“ е впечатлива галерија на трансформации на мигот, во кои ги наслушнуваме скриените гласови, го чувствуваме ритамот на човечноста. Сега, благодарение на препевот на Љубиша Стојановиќ и на книгоиздателството „Антолог“, дел од поттикнувачкото хаику на Драган Ј. Ристиќ, на поетот што умее да гледа, дише и на македонски.
Александар Прокопиев
1 оценка за Штурецот во саксијата
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –