Системи за бази на податоци

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Database Systems | Бр. на страни: 1242 | Димензии: 170x243 | Корица: /

Оваа книга настанала како резултат од работата на авторите во информатичката индустрија, како консултанти за дизајн на бази на податоци за нови софтверски системи или, пак, како консултанти за решавање на недостатоците во постојните системи, што е почест случај. Со нивното префрлување во академска средина, решавањето на проблемите останува исто, но сега за различна публика - студентите. Поради сето ова, книгата претставува еден вид учебник што дава јасен вовед во теоријата на базите за податоци при што е презентирана методологијата за дизајнирање на истите, која може да се употребува и од страна на технички ориентираните читатели што работат во некое претпријатие.
Томас М. Коноли
е раководител на Одделот за креативни технологии при Универзитетот од Западна Шкотска и директор на Шкотскиот центар за применети технологии. Автор е на многубројни статии и книги од областа.
Каролин Е. Бег
е предавач на Универзитетот „Пејсли“ од областа на информациски системи, системи со бази на податоци и системи за поддршка во медицината.
Методологијата претставена во оваа книга се состои од три главни фази: концептуален, логички и физички дизајн на базите со податоци. Првата фаза почнува со создавање концепт за базата што е независен од сите останати физички компненети. Понатаму, во втората фаза овој концепт се развива во логички модел со отстранување на сите елементи што не можат да бидат претставени во релација. Во третата фаза, логичкиот модел се ковертира во физички дизајн за конкретната база на податоци.
Од еден неискусен дизајнер на бази се очекува сите чекори од фазите да ги следи по опишаниот редослед и да се придржува кон дадените насоки за спроведување на процесот. За искусните дизајнери на бази, дадената методологија треба да е помалку рецепт, а повеќе рамка или листа за проверки.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 3450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Системи за бази на податоци

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-69-0

1 оценка за Системи за бази на податоци

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in