Системи за бази на податоци
Оваа книга настанала како резултат од работата на авторите во информатичката индустрија, како консултанти за дизајн на бази на податоци за нови софтверски системи или, пак, како консултанти за решавање на недостатоците во постојните системи, што е почест случај. Со нивното префрлување во академска средина, решавањето на проблемите останува исто, но сега за различна публика - студентите. Поради сето ова, книгата претставува еден вид учебник што дава јасен вовед во теоријата на базите за податоци при што е презентирана методологијата за дизајнирање на истите, која може да се употребува и од страна на технички ориентираните читатели што работат во некое претпријатие.
Томас М. Коноли е раководител на Одделот за креативни технологии при Универзитетот од Западна Шкотска и директор на Шкотскиот центар за применети технологии. Автор е на многубројни статии и книги од областа.
Каролин Е. Бег е предавач на Универзитетот „Пејсли“ од областа на информациски системи, системи со бази на податоци и системи за поддршка во медицината.
Методологијата претставена во оваа книга се состои од три главни фази: концептуален, логички и физички дизајн на базите со податоци. Првата фаза почнува со создавање концепт за базата што е независен од сите останати физички компненети. Понатаму, во втората фаза овој концепт се развива во логички модел со отстранување на сите елементи што не можат да бидат претставени во релација. Во третата фаза, логичкиот модел се ковертира во физички дизајн за конкретната база на податоци.
Од еден неискусен дизајнер на бази се очекува сите чекори од фазите да ги следи по опишаниот редослед и да се придржува кон дадените насоки за спроведување на процесот. За искусните дизајнери на бази, дадената методологија треба да е помалку рецепт, а повеќе рамка или листа за проверки.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Системи за бази на податоци
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –