Скакулци и други драми

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Скакулци и други драми | Бр. на страни: 426 | Димензии: 20 см | Корица: /

Едиција Гестус, книга 02 Макар што само една од петте драми што овде ги претставуваме и формално е насловена како „Семејни приказни“, и останатите четири се семејни по својот жанр. И по своите сижеа. Нивните мрачни, многупати морбидни и само на мигови емотивни или трогателни заплети/расплети како да се реферираат на прочуеното мото со кое започнува романот „Ана Каренина“: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на својот сопствен начин. А семејствата во сите драми на Биљана Србљановиќ се – длабоко несреќни. Толку длабоко што сериозно го наметнуваат неизбежното прашање: постојат ли, воопшто, некои штогоде среќни семејни контексти? Или самиот традиционален/патријархален модел, според кој тие сè уште функционираат (дали само кај нас, во нашиот „југоисточноевропски“ свет?), всушност и не може да се оствари без перманентно да провоцира страшен број длабоки човечки фрустрации? (Од предговорот на Јелена Лужина)

Цена: 600 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Скакулци и други драми

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-380-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Скакулци и други драми”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in