Скакулци и други драми
Author:
Биљана Србљановиќ
Publisher:
Блесок |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Скакулци и други драми |
Num. of pages:
426 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
Едиција Гестус, книга 02 Макар што само една од петте драми што овде ги претставуваме и формално е насловена како „Семејни приказни“, и останатите четири се семејни по својот жанр. И по своите сижеа. Нивните мрачни, многупати морбидни и само на мигови емотивни или трогателни заплети/расплети како да се реферираат на прочуеното мото со кое започнува романот „Ана Каренина“: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на својот сопствен начин. А семејствата во сите драми на Биљана Србљановиќ се – длабоко несреќни. Толку длабоко што сериозно го наметнуваат неизбежното прашање: постојат ли, воопшто, некои штогоде среќни семејни контексти? Или самиот традиционален/патријархален модел, според кој тие сè уште функционираат (дали само кај нас, во нашиот „југоисточноевропски“ свет?), всушност и не може да се оствари без перманентно да провоцира страшен број длабоки човечки фрустрации? (Од предговорот на Јелена Лужина)
Reviews
There are no reviews yet.