Скобелев
Автор:
/
,
Немитович-Данченко
Издавач:
Мартина |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Скобелев : (раскази) |
Бр. на страни:
286 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Михаил Дмитриевич Скобелев е еден од најбележитите генерали во руската и светската воена историја. „Белиот генерал“ (Ак паша), како што бил познат среде турските табури, има исклучително важна улога во походите на руската војска од втората половина на XIX век, а особено во средноазиските освојувања и во Руско-турската војна од 1877-78 година, каде што најсилно ги пројавува својата генијалност и сестраното познавање на воената проблематика. Во книгата „Скобелев“, личноста на генералот е портретирана токму преку неговото водство во големиот потфат за ослободување на Бугарија од османлискиот јарем. Во неа се прибележани воените сеќавања на Василиј И. Немирович-Данченко, познат воен дописник и писател, директен сведок на целогодишните крвави собитија на Балканот. Книгата е напишана непосредно по смртта на Скобелев во 1882 година по свежиот впечаток од карактерот и од дејствата на еден од најнеобичните руски генерали, „рамен на Суворов“ по својата значајност. Сведоштвата распослани низ страниците од книгата го следат Скобелев низ премрежјата од преминот на Дунав до портите на Константинопол, каде што во тоа време се исцртува политичката мапа на полуостровот. Скобелев е живописно претставен во сите негови доблести и противречности, со низа интимни увиди недостапни за кабинетските биографи.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.