Состојба на разговор

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Poemas | Бр. на страни: 84 | Димензии: 12х20 | Корица: /

Поетиката на патувањето кај Јоланда Кастањо не е поврзана само со долги патувања со различни превозни средства (од кола до брод и авион); таа е неизбежно поврзана со интеркултурните средби и дијалози, со соочувањето со другоста, со постојаните себеиспитувања, како и со односот со јазикот. Пишувани на галициски јазик, потоа преведувани т.е. пресоздавани на шпански од самата авторка, песните на Кастањо неретко го тематизираат човечкото искуство со јазикот, а особено се занимаваат со одликите на поетскиот јазик. Без голем ризик би можело да се каже дека поезијата на Јоланда Кастањо во голема мера е и метапоезија и поезија што има силен полифоничен капацитет.

Цена: 200 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Состојба на разговор

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-351-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Состојба на разговор”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in