Социолингвистика

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Социолингвистика | Бр. на страни: 362 | Димензии: 240 х 170 мм | Корица: мека

Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се дефинира како изучување на јазикот во општеството, а ги опфаќа и социологијата на јазикот, јазикот во јавната комуникација, јазичните контакти и интерференцијата, комуникативната компетенција, јазичните политики во светот и социолингвистичките прашања за македонскиот јазик. Во делот посветен на социолингвистиката на македонскиот јазик посебно се проучени процесите на јазичното планирање, стандардизацијата на македонскиот јазик, историските процеси поврзани со стандардизацијата, статусот на македонскиот јазик и употребата на македонскиот јазик во сите сфери на општествениот и културниот живот.

Книгата е поделена во три дела, од кои најобемен е третиот дел со наслов „Социолингвистика на македонскиот јазик“, во кој се обработени темите: македонскиот јазик од аспект на историската социолингвистика, промените во оопштеството одразени во македонскиот јазик, јазичните ставови и јазиците во јавната комуникација во Македонија, македонскиот јазик и европската интеграција, законите и јазичната политика, и - македонскиот јазик и медиумите: стилистички и социолингвистички аспекти.

Проф. д-р Татјана Гочкова-Стојановска:
„Со сериозноста, сеопфатноста и, првенствено, со компетентноста на авторката, книгата `Социолингвистика` се вбројува во фундаменталните дела на македонски јазик.
...Досега, во македонската научна средина, нема книга од оваа област со такво ниво на систематичност и опфатност на темите, воедно поткрепена и со пристап кон горливите прашања од особена важност за македонистиката.
Книгата претставува драгоцен придонес кон областа на социолингвистиката и несомнено ќе придонесе за зголемување на интересот кон обработените теми, претставени на автентичен и инспиративен начин.“

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Социолингвистика

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-204-3

Questions and Answers

You are not logged in