Создавање добри граѓани
Автор:
Дајен Равич
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Making Good Citizens: Education and Civil Society |
Бр. на страни:
358 |
Димензии:
175х250
|
Корица:
/
Водечки мислители од различни области во оваа книга ја истражуваат врската меѓу здравата демократија и образованието. Соработниците разработуваат теми од религијата во јавниот живот до политички конфликт во плуралистичкото општество до проблеми на расната нееднаквост.
„Оваа провокативна збирка е корисен почеток со оглед на тоа како нашите училишта може да се издигнат над тривијалноста на мултикултурализмот“. Gary Rosen, New York Times Book Review
„Некои делови нудат остар увид на врската меѓу образованието, религијата и граѓанската вклученост...[и друго] додавајќи непроценливо меѓународно гледиште на она што многу често е ограничена дебата за образовните политики“. David Steiner, Journal of Education
Дајен Равич е професор-истражувач по образование на школата за образование при Универзитетот „Њујорк“ и претставник на Центарот „Браун“ за образовна политика на Институтот „Брукингс“. Џозеф П. Витерити е професор-истражувач по јавна политика на Школата за постдипломски студии за јавна администрација „Роберт Ф. Вагнер“ при Универзитетот „Њујорк“. Професорите Равич и Витерити се коуредници на New Schools for a New Century, издадено од Јејл Јуниврзити Прес.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.