Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Novak Djokovic and the rise of Serbia : the sporting statesman | Бр. на страни: 296 | Димензии: 145x205 | Корица: мека

Новак Ѓоковиќ не е само еден од најдобрите тенисери во светот - тој е и
амбасадор на својата татковина, Србија. Нималку лесна работа, ако се
имаат предвид многуте светски извештаи во кои редовно се наоѓа по некоја
реченица за улогата на Србија во југословенските војни од 1990-тите.
Своето истражување за Новак Ѓоковиќ и за Србија, Крис Бауерс го проследува
со исцртување на два моќни портрета. Првиот е оној на едно навидум
обично момче од скромно опкружување, кое, по запознавањето на жената
која ќе го научи да игра тенис и да се справува со притисоците на животот
на една суперѕвезда, се впушта во непрестајна борба за оптимално здравје
и за непрестајно надминување на себеси, од година во година правејќи
ја сè погорда сопствената земја. Вториот, пак, е приказната на Србија, од
нејзината улога во војните од 90-тите до надежите и аспирациите на луѓето
што се наследници на ова проблематично минато. Комбинирајќи ги двете
претстави, книгата се заокружува со ставовите на Ѓоковиќ врзани со неговото
сфаќање за сопствената татковина и нејзината репутација – споделени токму
со авторот на оваа впечатливо дело.
Бауерс ги испреплетува овие спортски и геополитички нишки со цел да
направи разумен портрет на еден човек и на неговиот народ и да покаже како
решителноста, разумноста и талентот можат да создадат еден наднационален
спортски амбасадор.
Kрис Бауерс е хонорарен писател и спортски коментатор кој повеќе од две децении ја следи глобалната тениска сцена како коментатор за Eurosport, ESPN и многубројни радиостаници низ светот. Автор е на неколку книги во областа, вклучувајќи ги биографијата на Роџер Федерер, „Книгата за тенис“, комеморативната монографија за стогодишнината на Меѓународната тениска федерација (ITF) - „Вековен придонес“ – и четири книги за Дејвис- купот.

Цена: 300 ден

200 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-951-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in