Стаклените деца

Издавач: Издавачки Центар Три | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Glasbarnen | Бр. на страни: 236 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска, која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика. Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец... Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна... „Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.

Цена: 350 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Стаклените деца

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-593-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Стаклените деца”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in