Сто без една песна
Автор:
Светлана Христова-Јоциќ
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2006
Оригинален наслов:
Сто без една песна : поетска трилогија |
Бр. на страни:
473 |
Димензии:
200х130
|
Корица:
/
„Сто без една песна“, во избор и предговор на Светлана Христова Јоциќ, содржи три тематски избори од македонската поезија, а во секој од нив има по 99 љубовни, необични (очудни) и нај песни (или вкупно 297 песни). Всушност, тоа е трилогија од поетски антологиски избори насловени: „Сто без една љубовна песна“, „Сто без една очудна песна“ и „Сто без една нај песна“.Во трилогијата се застапени стотина автори, а основниот критериум на приредувачот при изборот на песните е естетското ниво на песните. Изборот содржи песни од народната поезија, односно од Константин Миладинов па до најмладите македонски поети и е еден од најрепрезентативните претставувања на македонската поезија, што пак не нуди само читателско задоволство од најубавото во македонската лирика, туку претставува и корисна публикација за афирмација на највисоките поетски вредности во Македонија.
Questions and Answers
You are not logged in